Новите царински политики во САД, се закануваат да го забават развојот на електроенергетскиот сектор, предупредува најновиот извештај на истражувачкиот институт Wood Mackenzie. Зголемувањето на царината за увоз на опрема главно од Кина, дополнително ги зголемува трошоците за големите инфраструктурни проекти, создавајќи неизвесност за инвеститорите и изведувачите. САД веќе сега предничат по висината на трошоците за инсталирање на соларни системи, а новите царини дополнително ја влошуваат таа ситуација. Како што наведува споменатиот извештај, цената на изградбата на соларните електрани со голем капацитет во САД е 54% повисока отколку во Европа, односно 85% поскапа отколку во Кина.

Во својата анализа под наслов „Сите на тарифниот тобоган: Импликациите за американската електроенергетска индустрија“, се истакнува дека повеќето од енергетските технологии се соочуваат со зголемување на трошоците помеѓу 6 и 11%, додека складирањето на енергија, поради речиси целосната зависност од кинескиот увоз, ќе поскапи и до 50%. Wood Mackenzie анализира две можни сценарија за иднот развој: првото предвидува зајакнување на царините кон Кина на 34% до крајот на 2026 година, додека второто означено како трговска војна, предвидува раст на царинската стапка на 30% до 2030 година. Складирањето на енергија е технологија која е најпогодена. Според податоците од 2024 година, речиси сите батериски ќелии користени во големите проекти во САД се од Кина. Домашното производство на батерии сеуште не може да одговори на побарувачката. До крајот на 2025 година, се проценува дека во САД ќе има доволно капацитети за задоволување на само 6% од потребите, а до 2030 година, околу 40%.

Порта3 – градежништво, архитектура и екологија Порта3 – градежништво, архитектура и екологија