Насловна / Вести / Германија:Топлинските пумпи на геотермална енергија се чест избор за греење во новоградбите

Германија:Топлинските пумпи на геотермална енергија се чест избор за греење во новоградбите

Во Германија се поголем број на новоизградени станбени објекти користи топлински пумпи за греење. Според податоците на германскиот Сојузен завод за статистика (Destatis), во текот на 2024 година завршена е изградбата на околу 76.000 станбени објекти, а повеќе од една третина од нив (69,4 %) користат топлински пумпи како примарен извор за енергија за греење.

Во споредба со 2023 година, уделот на објектите кои се грејат со топлински пумпи пораснал за околу 5 процентни поени, додека во однос на 2014 година, е повеќе од двојно зголемен. Ваквиот систем почесто се користи во објекти со помала катност. Како топлински извор за топлинската пумпа најчесто е застапена геотермалната енергија. Топлинската енергија е најчесто употребуваната опција за греење со обновливи извори. Во изминатиот период драстично е намалена употребата на природниот гас како енергент. Сличен тренд во користењето на обновливите извори за греење се забележува и во фазата на планирање. Од околу 54.800 станбени единици кои добиле градежна дозвола во 2024 година, дури 84,8% е предвидено да се затоплуваат со обновливи извори на енергија.

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top