Европската комисија избрала 15 проекти за производство на водород од обновливи извори, за доделување на финансиска поддршка. Локациите се во пет земји во склоп на Европскиот економски простор. Предложените инвестиции опфаќаат сектори како сообраќај и хемиска индустрија. Тоа се победниците на втората аукција на Европската банка за водород, а вкупниот износ на субвенциите е 992 милиони евра.

Избраните проекти треба да овозможат речиси 2,2 милиони тони зелен водород во период од десет години, со што би се спречиле емисии на над 15 милиони тони CO2. Субвенциите се движат од 8 до 246 милиони евра по корисник, а предвидени се за покривање на трошоците од производната до пазарната цена. Парите ќе се добиваат од Фондот за иновации, а обезбеден е преку Системот за тргување со емисии со ЕУ (EU ETS). Најголемиот меѓу избраните проекти е Zeevonk Electroliser на истоимената компанија од Холандија, која планира да прозиведе 411.000 тони зелен водород во текот на десет години. Сите избрани проекти имаат обврска да стигнат до производна фаза во рок од пет години.
Порта3 – градежништво, архитектура и екологија Порта3 – градежништво, архитектура и екологија