Насловна / Вести / На Плаошник ќе бидат изградени шест објекти

На Плаошник ќе бидат изградени шест објекти

plaosnik_1

Проектот за возобновување на Светиклиментовиот универзитет на Плаошник, се сведува на изградба на шест објекти. Така, наместо 13 објекти, како што се предвидуваше со првичниот проект на локалитетот Плаошник, каде што се возобновува Светиклиментовиот Универзитет ќе бидат изградени шест, со еден кат пониско од предвиденото.
„Ги следевме препораките на УНЕСКО, но и претходно се размислуваше за намалување на катноста и на бројот на објектите“, рече министерката за култура, Елизабета Канческа Милевска.
Никогаш не станало збор за бришење на Охрид од Списокот на УНЕСКО поради градежните активности на овој локалитет.
„Сите овие објекти, сите шест што ги споменав, во рамките на овие три комплекси се градат врз основа на темели кои што се откриени. Така што се е согласно со сите законски, светски, меѓународни и европски процедури и по доаѓањето на мисијата на УНЕСКО ги споделивме дилемите што ги имавме“, рече министерката за култура, Елизабета Канчевска- Милевска.

plaosnik_2
На фасадите на објектите ќе бидат испреплетени црковната и староградската архитектура.
„Со новите измени добивме една комплексна слика на еден амбиент кој кога ќе се возобнови ќе биде за почитување“, вели Тања Паскали Бунташевска, директор на Завод и Музеј-Охрид.
Таа кажа дека ќе има измена и во изгледот на некои од објектите. „Ги исфрливме тие стаклени површини кои претходно ги имавме предвидено затоа што навистина штрчеа во самата архитектура и отскокнуваа од останатите објекти“.
Во трите комплекси ќе бидат сместени резиденцијалниот дел, манастирскиот конак, Богословскиот факултет, библиотека, музеј и Центарот за хуманистички науки.

Испрати коментар

Scroll To Top