Насловна / Вести / Градоначалникот на Општина Аеродром ќе го решавал паркирањето кај Мајчин дом!?

Градоначалникот на Општина Аеродром ќе го решавал паркирањето кај Мајчин дом!?

Градоначалникот на Општина Аеродром вели: „На иницијатива на станарите од зградата кај Мајчин дом денеска одржавме средба со граѓаните од овој дел на Општина Аеродром. Тие ги соопштија нивните тековни проблеми од кои најголем проблем им е паркинг просторот. Во текот на 2022 година ќе ја почнеме и завршиме постапката за асфалтирање и обележуваме на просторот зад Мајчин Дом и на тој начин ќе обезбедиме нови 56 паркинг места.

Дополнително, во соработка со Градски паркинг ќе изнајдеме решенија за проблемите со паркингот и на други локации ширум нашата општина. Ќе направиме сè што е во наша моќ и за зградите кои не се опфатени со зонското паркирање да смеат да паркираат на обележаните места.

Средбата со граѓаните отсега станува редовна пракса. Денеска се запознав со проблемите и барањата кои ги имаат овие луѓе и можам да ветам дека ќе направам сѐ што е во моја моќ за истите да се решат. Како нова локална власт ќе ги сослушаме сите граѓани и ќе најдеме заедничко решение за нивните проблеми“.

а2_resize

Граѓаните прашуваат кој е тој простор што ќе ги обезбеди најавените паркинг места? Дали ќе се жртвува зеленило?

А проблемот е настанат поради изградбата на станбената зграда на ЗСФ КОМ која има 248 станбеи единици, распоредени на Пр+8+Пк во приземјето трговски простори кои исто така бараат исполнување на услови за паркирање кои не се обезбедени.

а1_resize

Советот на Општина Аеродром под водство на ВМРО-ДПМНЕ и во мандатот на градоначалникот Ивица Коневски, на 5 април 2017 ненадејно го усвои Деталниот урбанистички план И10, (изработен од планерската куќа БИЛД, истата онаа која го изработи ДУП Ц08 кај Холидеј Ин), за кој советниците од тогашната опозиција предупредуваа дека ќе предизвика еколошка катастрофа, оти предвидува уништување на зелени површини кај Мајчин дом и покрај Вардар, а на местото на сегашни градби и зеленило превидува паркинзи, а градоначалникот Златко Марин од СДСМ издаде градежна дозвола, покрај предизборните ветувања дека зградата нема да се гради. Изградбата на оваа зграда предизвика негодување и протести на жителите на населбата.

Останува да се види во целиот сообраќаен хаос предизвикан со изградба на зградата, недоволен број паркинг места кај спортската сала „Јане Сандански“, дали ќе се реализира и конкурсот кој го спроведе Министерството за здравство на местото на Мајчин дом да се гради Градска болница.

Испрати коментар

Scroll To Top