Насловна / Арт и дизајн / Кревет кој нуди прегратки

Кревет кој нуди прегратки

Ако ви е доста од осаменост, можеби ова необично решение може да ви помогне. „ Compression Carpet е иновативен кревет кој нуди прегратки на секој што се чувствува осамен.

Уметницата од Лос Анџелес Lucy McRae креирала машина за гушкање со надеж дека во иднина технологијата ќе почне да придонесува повеќе за менталното здравје на луѓето. Со овој изум, таа сакала да испита дали механичката прегратка може да им овозможи утеха на луѓето кои се желни за допир.

01

Машината е обоена во нежни розови и кафеави нијанси, така што потестува на бојата на кожата и дополнително обезбедува илузија на човечко присуство. Меките перници со кои е покриена го примаат телото и го прегрнуваат во цврста, но пријатна прегратка.

03

Машината за гушкање претставена е на „Фестивалот на невозможното“ во Сан Франциско, изложба чија тема беше истражување на односот меѓу луѓето и машините во иднина.

02

Посетителите на фестивалот имале прилика да ги испробаат нејзините прегратки, а колку ги заинтригирал овој изум покажува и фактот дека дури и оние кои страдаат од клаустрофобија не можеле да му одолеат.

Lucy McRae има намера да создаде низа машини кои ќе им нудат прегратки на луѓето во иднина.

04

05

Испрати коментар

Scroll To Top