Насловна / Архитектура / Проект на Оскар Нимаер реализиран постхумно во Лајпциг

Проект на Оскар Нимаер реализиран постхумно во Лајпциг

Еден од последните проекти на бразилскиот архитект Оскар Нимаер, „Niemeyer sphere“ e реализиран постхумно во Лајпциг, Германија. Оваа „сфера“ ја краси зградата на фабрика од 19. век, чии простории ги користи Kirow, производител на механизација од областа на градежни машини и опрема за железници. Сферата е поставена на горниот агол на зградата од каде се пружа поглед кон градот.

1

Почеток на соработката

Приказната поврзана со овој потфат започнала уште во 2011. година, кога на познатиот бразилски архитект му се обратил Ludwig Koehne, сопственикот на фабриката Kirow. Барањето било дека сакаат да се прошират, односно изградба на продолжение на фабричката менза. Нимаер ги направил скиците, но набрзо потоа починал во 2012. година, по што неговиот асистент Jair Valera го превзел понатамошниот развој на проектот. Реализацијата ја превзеле архитектите од Harald Kern, поставувајќи го проширувањето кое го карактеризира „Eyrise“ технологија, која нуди заштита од сонце со„почитување“ на дизајнот.

5

8

„Eyerise“ напредна технологија

Големата бетонско – стаклена бела сфера е со дијаметар 12 метри. Во неа се наоѓаат горната и долната хемисфера каде се сместени ресторанот и барот. За да се направи рамката за двете бетонски школки, рачно се направени 50 дрвени калапи. Решеткастата стаклена фасада се состои од 144 поединечно произведени триаголни стаклени модули со различни големини. Тие имаат можност моментално да се затемнат и осветлат, благодарение на „Eyerise“ напредната технологија на стакло со течни кристали.

6

Апликацијата Bespoke се користи за контрола. Kai Beckmann од компанијата Merck вели дека просторот е одржлив затоа што се контролира енергетскиот отисок, благодарение на технологијата што овозможува обезбедување на невидлива заштита од сонце, спречувајќи прегревање.

4

Ludwig Koehne вели дека на Нимаер му се допаднала идејата за создавање простор кој ќе им користи на вработените во фабриката, а од друга страна футуристичката конструкција вградена во срцето на индустрискиот комплекс е елемент на изненадување. Во согласност со неговата отвореност кон новини, која ја поседувал во тек на целиот свој живот, сигурно е дека би одобрил употреба на иновативна технологија во реализацијата на својата визија.

Сферата всушност претставува спој на уметност и технологија, поставувајќи нови стандарди во архитектурата за нашиот, сè повеќе дигитален свет.

7 2 3

Испрати коментар

Scroll To Top