Насловна / Вести / Гренланд може да изгуби повеќе мраз отколку што изгубил за 12 илјади години

Гренланд може да изгуби повеќе мраз отколку што изгубил за 12 илјади години

Гренланд е на пат да изгуби повеќе мраз во овој век отколку во кој било друг период на холоценот, период од 12 илјади години во текот на кој цвета човечката цивилизација.
Студија објавена на 30 септември во списанието „Nature“ нуди најнови докази дека најсеверниот дел на Земјата, кој содржи количина на замрзната вода што може да го подигне глобалното ниво на морето за 24 метри, влегол во период на нагло опаѓање и може да се стопи целосно доколку луѓето продолжат да користат фосилни горива во сегашните размери .

Grenland
Студијата, исто така, ја става настрана идејата дека неодамнешните големи замрзнувања на глечерите во Гренланд се дел од природен циклус, за што сведочи и стапката на топење на глечерите, во споредба со кој било друг период од минатото.
“Веруваме дека овој век ќе биде единствен кога станува збор за промени во природата во споредба со претходните 12 илјади години“, рече главниот автор на студијата Џејсон Бринер, глациолог од Универзитетот во Бафало.

Grenland2
Во текот на последните 40 години, забрзаното затоплување предизвика и побрзо топење на мразот. За да го постават овој тренд во поширок историски контекст, научниците користеле записи за растот и топењето на ледените плочи во текот на илјадници години.
Истражувачите се обиделе да ги реконструираат промените во дебелината на мразот на Гренланд низ целиот холоцен со користење на изотопи на кислород во внатрешноста на ледените јадра, што дава индикации за минатите температури, пишува Nacional Geographic.
Бринер и неговите колеги ги пополниле „празнините во времето“ со нови податоци и во тој процес го реконструираа топењето на Гренланд на софистициран начин.
Тие комбинирале модел на ледена плоча со податоци за температурата и снежните врнежи од неколку јадра на мраз, кои ги собрале низ целиот континент. Тие потоа ги поврзале овие информации со климатски модел, тестирајќи различни сценарија користејќи ниски и високи емисии на јаглерод, за да ја утврдат потенцијалната иднина на ледениот слој.
Резултатите покажале дека сегашната стапка со која Гренланд се топи е екстремна од кој било друг период во холоценот.
Во овој век, Гренланд може да изгуби 6.100 милијарди тони мраз, ако продолжи просечната стапка на топење од 2000 и 2018 година.

Испрати коментар

Scroll To Top