Насловна / Вести / Се намалува бројот на пингвини на Антарктикот

Се намалува бројот на пингвини на Антарктикот

Научници кои ја истражувале популацијата на пингвините на Антарктикот, откриле драстично намалување на многу колонии, а некои опаднале за 77 проценти, откако последен пат биле испитувани пред скоро 50 години, соопшти Гринпис.

pingvini1

“Ваквите падови на популациите укажуваат на тоа дека екосистемот на Јужниот океан значително се променил во последните 50 години и дека влијае на храната и на видови, како што се пингвините. Иако може да има неколку фактори, сите докази што ги имаме покажува дека климатските промени се одговорни за овие последици“, рече Хедер Линч професор за екологија и еволуција на њујоршкиот Универзитет Стони Брук и еден од водачите на експедицијата.

Независни истражувачи во склоп на едногодишната експедиција, „Од пол до пол“, откриле дека популацијата на пингвините се намалила во секоја колонија прегледана на островот Елефант кој е важно живеалиште на пингвините северо-источно од Антарктикот.

Таму, бројот на пингвини се намалил за скоро 60 отсто од последното истражување во 1971 година. Научниците ги истражувале колониите со употреба на беспилотни летала и рачни методи за броење.

Emperor penguin colony, Antarctica

Фрида Бенгсон од кампањата за заштита на океаните од Гринпис, рече дека веднаш се потребни засолништа без штетни човечки активности.

“Научниците предупредуваат дека е неопходно да се заштитат 30 отсто од светските мориња до 2030 година, така што морските суштества како што се пингвините можат да се опорават од човечкото влијание и да се прилагодат на брзо менување на климата. За да се постигне ова, императив е владите да се договорат за глобален договор за светските мориња оваа година“, рече Бенгсон.

Во последниве денови, активистите на Гринпис изложија скулптури на пингвини од мраз во поголемите градови низ целиот свет, барајќи итни мерки за заштита на дивите видови на океански врсти со глобален договор.

Скулптурите, со топење, симболично укажуваа на сè погубните ефекти од климатските промени и важната улога на океаните во ублажување на истите.

Испрати коментар

Scroll To Top