Битола утрово се разбуди со знаци за радијација на шахтите на кои пишува „иди зима“, што значи Битола ќе продолжи да умира.

Знаците се поставени од активисти кои предупредуваат: ,,Негрижата на локалната власт продолжува, а отсуството на одговорност и игнорирање на ситуацијата само го проширува и продлабочува проблемот со загадувањето во Битола“.

Битола е град со најголем број на заболени од малигни неоплазми. Само се најавува борба против закадувањето, но секоја нова зима како и претходните, не се преземаат никакви мерки, иако загадувањето е огромно. И во летните месеци нивото на загаденост е покачено, но зимата за Битола е погубна.

Порта3 – градежништво, архитектура и екологија Порта3 – градежништво, архитектура и екологија