Насловна / Архитектура / Вилата Савој на Корбизје тоне во данските фјордови

Вилата Савој на Корбизје тоне во данските фјордови

Дали модернизмот, но и останатите современи принципи и начела на животот кој досега важеа доживуваат бродолом? Инсталацијата Flooded Modernity се обидува ова прашање да го стави во прв план. Прашањето кое се поставува преку оваа инсталација на данскиот уметник Asmund Havsteen-Mikkelsen гласи: Дали треба да се потопи работата на пионерите на модерната архитектура или не?

7
Неминовно е работата на секој прочуен уметник или архитекта да има голем број подржувачи, но да ги има и оние кои ја оспоруваат. Меѓутоа, работата на Ле Корбизје изминатите години често се доведуваше во прашање, почнувајќи од изложбата на Tom Sachs, американски уметник познат по скулптури кои ги обновуваат модерните икони на начин кој истовремено е мошне суров и софистициран, на Биеналето во Венеција 2010 година, па се до дигиталните колажи на Xavier Delory. Работата на пионерите на модерната архитектура е критикувана, деконструирана и вандализирана, пишува Domusweb.

10
До вакви реакции на неговата работа, веројатно е дојдено затоа што на факултетите ширум светот работата на Корбизје често се идеализира, а притоа не се обрнува доволно внимание на новите пристапи во архитектурата. Можеби и затоа што прочуениот архитекта едноставно бил преголема икона на минатиот век, можеби затоа што е силна и изразена личност (а и наочари).

4

Секако во сево ова има многу суета, меѓутоа Asmund Havsteen-Mikkelsen критиката на модернизмот ја покренал од други побуди. Во случајот со инсталацијата Flooded Modernity, данскиот уметник го претставил колапсот на вилата Савој како симбол на модернизмот кој дошол со Корбизје. По многу скандали кои го тресат светот, Фејсбук, Брекзит, Трамп, сите принципи се под знак прашање, па зошто истото не би било и со принципите на современата архитектура.

2
Данскиот уметник направил реплика од дрво на симболот на модернизмот во размер 1:1, која ќе плови долж брегот на градот Вајле се до 2 септември до кога трае фестивалот Floating Art.

12
Не се грижете, оригиналната вила савој сеуште безбедно стои во предградието на Париз, додека оваа дрвена верзија ја повикува јавноста и архитектите да ги преиспитаат принципите кои доживуваат бродолом.

6

4

11

Испрати коментар

Scroll To Top