Проектантското биро М1К3 Проект од Бугарија изработи проект за базенски бар во хотел во Банско.

Овој бар е дел од реновирањето на дворот на хотелот „Стражите“ во зимскиот ски-центар Банско Бугарија. Проектот е дел од хотелскиот развој како летна дестинација и вклучува хортикултурално уредување, две тениски игралишта, изградба на два базени, надворешни тушеви и бар.


Дизајнот е инспириран од околната планинска силуета. Надворешната барска маса оди по должина, создавајќи пријатен, неформален простор за седење, собирање на коктел покрај базенот.


Зградата е изработена од природен материјал дрво во комбинација на црна боја и природна боја на дрво и линеарно осветлување кое ја потенцира структурата на формата во текот на ноќта.






Порта3 – градежништво, архитектура и екологија Порта3 – градежништво, архитектура и екологија