Овој пат со поразлична насловна страница од она што сте навикнати да го видите. За прв пат во своето 15. годишно постоење Порта 3 нема слика на насловната страница. Белата насловна страница е во чест на целиот медицински персонал, сите оние кои својот живот го ставија на првата борбена линија против корона вирусот за да го спасат нашиот. Ова е нашето благодарам за нивната пожртвуваност.