Насловна / Вести / Филмот на Мајкл Мур, „Планета на луѓе“, бесплатно на Јутјуб

Филмот на Мајкл Мур, „Планета на луѓе“, бесплатно на Јутјуб

Познатиот американски режисер-документариста Мајкл Мур на Јутјуб каналот го поставил својот нов филм „Планета на луѓе“ (Planet of the Humans), кој во тек на наредните 30 дена може да се гледа бесплатно.

pl

Филмот „Планета на луѓе“, продуциран од Мајкл Мур, а режиран од неговиот соработник Џеф Гибс, посветен е на моменталната состојба на животната средина, но и на критики на еколошкото движење, кое според мислење на авторот, тргнало по погрешен пат и рано ја загубило битката, поради непромислени одлуки со катастрофални последици, и покрај тоа што намерите биле добри.

pl1

Тоа се однесува на пример на рекламирањето соларни панели и ветро-паркови како решение на проблемите со загадувањето, што резултирало корпорациите на Вол Стрит да станат финансиери на нивната кампања.

Погледнете го филмот додека сте во самоизолација и размислете за својот придонес во рушење на осетливиот еко-систем.

Испрати коментар

Scroll To Top