Насловна / Вести / До 2023 година Франција ќе ги затвори сите термоцентрали

До 2023 година Франција ќе ги затвори сите термоцентрали

На овогодишниот состанок на ОН за климатските промени во Маракеш, Мароко, францускиот претседател Франсоа Оланд објави дека неговата земја до 2023 година ќе ги затвори сите преостанати термоцентрали на јаглен на својата територија. francija_1

Оланд, исто така, не ја пропушти приликата да го пофали американскиот претседател во заминување Обама, но и да искаже критика кон неговиот наследник Доналд Трамп. Притоа, Оланд алудираше на ставот на Трамп за излегување на САД од Договорот за климата, како и на неговото залагање за натамошно користење на јагленот.francija_2

Денес Франција обезбедува 75% од електричната енергија од своите нуклеарни централи, и има неспоредливо пониско ниво на емисија на стакленички гасови од енергетскиот сектор во споредба со другите развиени земји. Значаен дел од енергијата продава, што ѝ донесува заработка од околу три милијарди евра годишно.

 

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top