Насловна / Архитектура / 16-та Белградска меѓународна недела на архитектура – БИНА од 22 април до 20 мај

16-та Белградска меѓународна недела на архитектура – БИНА од 22 април до 20 мај

Шеснаесеттото издание на Меѓународната недела на архитектурата во Белград – БИНА ќе се одржи од 22 април до 20 мај 2021 година, во организација на Здружението на архитекти од Белград и Центарот за култура од Белград. Во фокусот на годинешната програма БИНА е Белградската школа за домување, која опфаќа широк спектар на под-теми (урбани решенија, домување, јавни простори, зелени површини, сообраќајни решенија и комуникација, придружни функции, организација на станови, изградба, материјализација, детали ) блиски како на експертите, така и на најшироката публика и непосредни корисници, т.е. станарите.

bina-2021_resize

Четири програмски целини

Оваа година, БИНА се реализира преку четири програмски целини, а намерата на организаторите е преку низа програмски формати – изложби, предавања, придружни програми и тематски прошетки, претстават квалитетни достигнувања реализирани во областа на архитектурата, со посебен осврт на Белград и регионот, како и придонесот и достигнувањата кои домашните архитекти ги постигнале во сферата на современото домување. Сите програми на БИНА се бесплатни.

БИНА фокус

БИНА фокус е централна програмска целина во рамки на која ќе биде отворена студијска изложба „Белградска школа на домување од крајот на 50-тите до средина на 80-тите години“ и ќе бидат одржани повеќе предавања, дебати, креативни работилници за деца и средношколци.

1_resize

БИНА изложби

Покрај горенаведената „Белградска школа за домување“, ќе бидат отворени уште пет изложби. Меѓу позначајните е изложбата „Церак_40 години подоцна“ од авторката и кустос Миленија Марушиќ. Во 2019 година, населбата Церак-Виногради доби статус на заштитено културно богатство, што е единствениот случај во овој дел на Европа. Истата година, документацијата за оваа населба беше вклучена во колекцијата на современа архитектура на Музејот МоМА во Њујорк.

БИНА манифестации

БИНА е настан кој има за цел едукација на пошироката јавност и намера да придонесе за разбирање, чувување, создавање и подобрување за поквалитетен урбан простор. Имајќи го тоа предвид, важен сегмент од настанот се едукативните програми БИНА. рамките на овој сегмент ќе биде организирана презентација на проекти од млади архитекти и филмска програма.

БИНА прошетки

Тематски прошетки низ архитектурата на градот, прават посебен сегмент и се наменети за најшироката публика. Тие се организираат во соработка со Заводот за заштита на спомениците на културата на градот Белград, здружението Do.co.mo.mo Srbija, ЈП Градско зеленило, ЈП Погребални услуги, Друштво на архитекти од Белград, Женско архитектонско друштво (ЖАД).

Испрати коментар

Scroll To Top