Насловна / Вести / Жерновски до Трајановски: Хаосот со преполните контејнери е неиздржлив

Жерновски до Трајановски: Хаосот со преполните контејнери е неиздржлив

Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, апелира до градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, да се среди хаосот со преполнетите контејнери, на што реагираат огромен број граѓани.kontejneri-2

Чистењето и одржувањето на контејнерите е во надлежност на ЈП „Комунална хигиена“, јавно претпријатие под надлежност на Град Скопје.kontejneri-4

„Јавно апелирам до градоначалникот на Град Скопје да го повика на одговорност својот директор, бидејќи хаосот со преполните контејнери е неиздржлив. Сите граѓани на Центар плаќаат пари за да имаат чиста околина, а не депонии пред своите домови. Контејнерите се во надлежност на ЈП ‘Комунална хигиена’, односно Град Скопје. Имаме безброј вакви случаи во нашата општина, барам веднаш да се преземат мерки и санкции“, стои во обраќањето на градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, до Коце Трајановски.kontejneri-3

Испрати коментар

Scroll To Top