Насловна / Вести / „Зелените“ обврзници популарни и во Словенија

„Зелените“ обврзници популарни и во Словенија

Љубљанската берза (LJSE) се придружи на меѓународната иницијатива за промовирање и развој на одржливи извори на финансирање под името Stock Exchange Initiative (SSE), која делува во рамките на Обединетите Нации. Во согласност со тоа и LJSE активно учествува во промовирањето на финансирањето на социјални, општествено корисни и еколошки проекти. Со издавањето на социјални и „зелени“ обврзници, и во соседна Словенија се развива „зелениот пазар“. Но што е всуѓност „зелената“ обврзница? Се работи за вообичаена проектна обврзница која во својот начин на финансирање ги почитува начелата на зелена обврзница (green bond principles).  Тие се издаваат за финансирање на „зелени“ проекти и обезбедување на интегритетот на „зелениот“ пазар.

Уште во 2007 година Европакста Инвестициска банка (EIB), ја издала првата зелена обврзница, а денес порастот на овој вид на обврзници е речиси 80% на годишно ниво. Во светот вредноста на овој вид на обврзници веќе надминува 140 милијарди долари, а се проценува дека до 2020 година вкупната емисија на зелени обврзници ќе достигне 1000 милијарди долари.

ljse

ljse2

Испрати коментар

Scroll To Top