Насловна / Вести / „Зелената“ амбалажа дискутабилна – стаклените шишиња полни со микропластика

„Зелената“ амбалажа дискутабилна – стаклените шишиња полни со микропластика

Пијалоците во стаклени шишиња содржат повеќе честички на микропластика отколку оние во пластични шишиња, картонски пакувања или лименки, објави француската лабораторија за безбедност на храна Anses. Целта на нивната студија била да се утврди нивото на контаминација со микропластика во пијалоците како што се вода, газирани пијалоци, леден чај, вино и пиво, како и да се испита влијанието на амбалажата.

За најголемиот дел од газираните пијалоци, се покажало дека нивото нa микропластика е повисоко во стаклените шишиња отколку во другите видови на амбалажа. Во случајот на водата, нивото на микропластика било релативно ниско без оглед на амбалажата, односно во просек 4,5 честички по литар во стаклените шишиња и 1,6 во пластичните шишиња. Виното исто така содржело ниски нивоа на микропластика. Понатаму се истакнува дека во стаклените шишиња на кола, лимонада, леден чај и пиво се пронајдени околу 100 честички микропластка по литар, додека во пластичните шишиња и лименки тој број бил 5 до 50 пати помал. Научниците претпоставуваат дека овие пластични честички потекнуваат од бојата која се користи на металните капачиња на шишињата. 

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top