Насловна / Арт и дизајн / Зелена оаза во центарот на Њујорк формирана од карпи

Зелена оаза во центарот на Њујорк формирана од карпи

Еден поинаков пристап кон дизајнот на простор за седење и одморање, создаде несекојдневно место на улиците на Њујорк. Имено, во центарот на Големото јаболко, архитектонското студио Maziar Behrooz Architecture изврши необична урбана интервенција за град како што е Њујорк и создале зелена оаза наречена Park Erratica. Сировите камени блокови се организирани системски со мало, но доволно, количество зеленило со што е создадено пријатно место за одмор, дружење и игра.зелена оаза во њујорк (6)

Бидејќи е поставен на средина на улица, Park Erratica служи и како физичка бариера за автомобилите, кои често ја користат оваа пешачка зона како кратенка за да се избегне сообраќајниот метеж, пишува Designboom.зелена оаза во њујорк (5)

Парчињата карпи се избрани како примарен елемент на оваа урбана оаза, по пример на уметничката инсталација на славниот Јозеф Бојс, која е поставена неколку блокови северно, но и како стабилна бариера помеѓу пешачката и сообраќајната зона.зелена оаза во њујорк (4)

Освен за одмор, Park Erratica може да послужи и како детско игралиште. Покрај тоа, бидејќи се наоѓа во предниот дел на студио за јога, може да биде и ново место за вежбање на јога, со што луѓето барем малку ќе се поврзат со природата.зелена оаза во њујорк (3) зелена оаза во њујорк (2) зелена оаза во њујорк (1)

Испрати коментар

Scroll To Top