Насловна / Вести / Загадениот воздух повторно ги гуши жителите на Западен Балкан

Загадениот воздух повторно ги гуши жителите на Западен Балкан

Почетокот на грејната сезона во земјите од Западен Балкан е воедно и почеток на сезоната со зголемено загадување на воздухот. Последните денови, градовите од овој регион повторно почнаа да бидат редовни „гости“ на листата на градови со најзагаден воздух на светот. Загадувањето на воздухот во регионот на Западен Балкан се повторува во исто време како и пред една година, па изгледа дека ништо не се променило и покрај протестите на граѓаните и апелите на невладините организации и стручњаци до надлежните. Главните загадувачи си продолжуваат по старо.

Посебно се зголемени концентрациите на суспендираните честички PM2.5 и PM10, кои се сметаат за најопасни загадувачи на воздухот за здравјето на луѓето бидејќи можат да продрат длабоко во белите дробови и да влезат во крвотокот. На сајтот AirVisual, квалитетот на воздухот се оценува врз основа на вредностите на Индексот на квалитет на воздухот (Air Quality Index – AQI). Вредностите на овој индекс се пресметуваат врз основа на податоците на националните мерни станици, така што се користат мерењата на емисиите на главните загадувачи на воздухот, а тоа се суспендираните честики  PM2.5 и PM10, јаглерод моноксидот, сулфур диоксидот, азотниот диоксид и озонот. Вредностите на индексот на  AQI се движат од нула до 500, па постојат следните категории: 0-50 “добар”, 51-100 “умерено добар”, 101-150 “нездрав за чувствителните категории на граѓани”, 151-200 “нездрав за целата популација”, 201-300 “многу нездрав” и 301-500 “опасно токсичен”. Вредноста на индексот, а според тоа и рангирањето на листата, се менува на секој час.

Одделни градови во регионот во изминатите 12 месеци превземаа некои активности со цел намалувањето на загадувањето на воздухот. Град Скопје спроведува акција за субвенционирање на набавки на клима инвертер уреди во замена за предавање на шпоретите на дрва и котлите на нафта. Кантонот Сараево од средината на годинава започна подготовка на Стратегија за ограничување на користењето на јаглен и други цврсти горива, а неодамна најавена е и програма за замена на печките и малите котли на јаглен во домаќинствата.

aqi1

aqi2

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top