Насловна / Вести / Задолжителна обука на земјоделците во Србија – без сертификат нема ниту купување пестициди, ниту субвенции

Задолжителна обука на земјоделците во Србија – без сертификат нема ниту купување пестициди, ниту субвенции

После неколку најави и одложувања во претходните години, неодамна започнаа обуки за употреба на пестициди за земјоделците во Србија. Сите земјоделци кои професионално се занимаваат со производство и продажба на храна, имаат обврска да ги поминат овие обуки. Сертификатот кој се издава има важност од 5 години, и ќе биде услов за купување на пестициди, но и за добивање на субвенции.

Обуката трае десeт часови, по што се пoлага тест. Од Земјоделскиот факултет на Универзитетот во Белград велат дека учесниците се запознаваат со тоа што претставуваат пестицидите, какви формулации се достапни на пазарот и сл., со цел без проблеми да можат да ги читаат декларациите. Се обучуваат за опасностите и мерките за заштита, а еден од сегментите на обуката е начинот на одлагање на отпадот. Еден од проблемите кои би требало да биде решен низ овие обуки е намалување на појавата нa користење на пестициди кои се набавуваат на црниот пазар.

Испрати коментар

Scroll To Top