Насловна / Вести / „За тебе љубов моја“ на Маријета Сидовски во „Марко Цепенков“ во Прилеп

„За тебе љубов моја“ на Маријета Сидовски во „Марко Цепенков“ во Прилеп

Вечерва (13 мај), во 20 часот во галеријата на ЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп ќе биде отворена изложба на слики „За тебе љубов моја“ од авторката Маријета Сидовски.

Уметницата ќе се претстави со дела изработени во комбинирана техника на харија (димензии 20×20) создадени 2014/2015 година.mariјeta прилеп

Маријета Сидовски родена е во Нови Сад, Србија во 1973 година. Дипломирала во 1998 година на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, Македонија, во класата на проф. Душан Перчинков. Постдипломски студии завршува на Факултетот за применета уметност во Белград, одсек за конзервација и реставрација на штафелајно сликарство под менторство на проф. Светислав Николиќ, во 2010 година.

Во 2005 и 2010 година престојува во Париз и Бетон, Бретања, Франција; во 2005 престојува во Њујорк, САД; во 2005 учествува на V- ти Франкофонски игри во Ниамеи, Нигер, Африка. Од 2005 година работи во Музеј на современата уметност во Скопје, Македонија, како конзерватор.

Реализирала 35 самостојни представувања во земјава и странство. Учесник е на повеќе од 60 групни интернационални изложби и уметнички колонии во земјава и странство.

Ги освоила наградите; 2004 Златна цигла, Галерија Подрум, Нови Сад, награда за најдобра изложба по мислење на публика 2008 Димитар Кондовски, награда за сликарство, ДЛУМ 2012 Вангел Коџоман, награда за сликарство мал формат.

Испрати коментар

Scroll To Top