Wu Weishan роден 1962 година во Dongtai, Кина. Во 1987 година, дипломирал на Факултетот за уметност Nanjing Normal University.
Постдипломски студии продолжил на Универзитетот во Пекинг, а потоа на Sam Fox School of Design & Visual Arts при Универзитетот Вашингтон во Сент Луис.
Weishan е меѓународно признат скулптор, директор на Националниот музеј на уметност на Кина и потпретседател на Здружението на кинески уметници. Тој е ментор на докторски студии по кинеска филозофија, ликовни уметности и дизајнерска уметност.

Во 2003 година, неговата скулптура „Заспано дете“ ја освои наградата Pangolin Prize на заедничката изложба на портретисти во Британија. Исто така, истата година, тој е поканет да одржи говор насловен „Моите портретни скулптури со кинеска културна позадина“ во Националната портретна галерија на Британија и стана член на Кралското британско друштво на скулптори (FRBS) и на Друштвото на портретисти. Во 2005 година, скулптурата на Wu „Конфучие“е изложена во музејот Fitzwilliam во Британија. Во 2008 година, друго уметничко дело „Конфучие“е трајно сместено во Queens’ College на Универзитетот во Кембриџ.

„Заспано дете“
Во 2015 година, Кинескиот универзитет во Хонг Конг му ја додели титулата почесен доктор по литература. Во 2016 година е избран за почесен академик на Руската академија на уметностите и науките. Во 2018 година станува дописен академик на Француската академија на уметностите.

Лао – це
Во 2019 година е избран за академик на Италијанската академија на уметностите. Добитник е на неколку меѓународни награди, како што се наградата Микеланџело, Меѓународниот златен медал за ликовни уметности на Лувр, Златниот медал на Руската национална академија на уметност и наука, а и наградата Луѓе на годината за ширење на кинеската култура на седмата изложба „Кинеска светлина“.

„Конфучие“
Неговото дело On Freehand Brushwork Sculpture позитивно влијаело на светот со својот единствен стил на „скулптура со слободна рака“. Во текот на изминатите 30 години, Wu создал повеќе од 500 дела, кои се изложени во Националниот музеј на Италија, седиштето на Обединетите нации и во повеќе од десетина земји и региони, вклучувајќи ги Франција, Обединетото Кралство, Русија, Германија, САД, Јапонија, Јужна Кореја и Сингапур. Неговата голема самостојна изложба, „Душа посветена на уметноста“, се одржа во 2019 година во Националниот музеј на Кина, привлекувајќи го вниманието на светските уметнички кругови од кои добил многу големипофалби. Некои од неговите дела се постојано изложени на јавните плоштади и познатите музеи во Кина и во многу други земји низ целиот свет. Јужна Кореја основала „Парк на скулптури Wu Weishan“.

Масовна скулптура на масакрот во Нанџинг
Врз основа на компаративна студија на источните и западните култури, Wu Weishan објавил повеќе од 30 дела и албуми, заедно со теоретски есеи од речиси еден милион зборови. Неговите дела се објавени на англиски, француски, португалски, германски, корејски и други јазици, што му помогна на светот подлабоко да ја разбере кинеската култура и кинеските уметници, подобрувајќи го угледот и перцепцијата за кинеската култура и кинеските уметници во странство.

Да Винчи и Ки Баиши

Душата на Кина
Репрезентативните дела на Wu вклучуваат: Споменикот на Карл Маркс (подарен на Германија од страна на кинеската влада на 5 мај 2018 година и трајно се чува во Германија); Масовна скулптура на масакрот во Нанџинг; Стогодишен споменик – голем споменик на програмата за работа-студирање во Франција (трајно се чува во Франција од 2019 година); Дијалог низ времето и просторот – Да Винчи и Ки Баиши (трајно се чува во Музејот на Леонардо да Винчи, Италија од 2020 година); Конфучие (се чува на плоштадот на Граѓанскиот центар Куритиба, Бразил, 2017 година); Заспаното дете (дело кое му ја донесе наградата Pangolin во 2003 година од Британското здружение на портретни вајари, што го прави првиот азиски уметник кој ја освоил наградата во неговата 50-годишна историја);

Карл Маркс

Природата и човештвото во хармонија
Лао – це (со што ја освои единствената златна награда на Меѓународната уметничка изложба Лувр во 2012 година, што го прави првиот азиски уметник кој ја освоил наградата во нејзината 122-годишна историја). Како куратор на Националниот музеј на уметност на Кина, Wu планирал и организирал голем број меѓународно влијателни кинески културни настани, придонесувајќи за градење на имиџот на Кина во светот.

Бегалци

Порта3 – градежништво, архитектура и екологија Порта3 – градежништво, архитектура и екологија