Насловна / Вести / Врвен хотел исполнет со француска елеганција

Врвен хотел исполнет со француска елеганција

Париз е град за чија убавина и шарм не треба дополнително да се зборува. Повеќето туристи во него повторно се враќаат и откриваат секогаш нешто ново и возбудливо. Како резултат на тоа, понудата на сместување е многу широка, па така може да се избере од поволни варијанти до оние луксузните. париз_7

Еден од стилски најинтересните опции е, секако, хотелот La Réserve, кој се наоѓа непосредно до „Плас де ла Конкорд“ и Ајфеловата кула, која може да се гледа од собите. Хотелот е дизајниран од страна на Жак Гарсија, а естетиката би можела да се опише како класично луксузна, односно различна од трендовските хотели со многу современи елементи, кои тука се појавуваат само во некои детали. париз_4

Покрај убавиот декор, врвната кујна и централната локација, овој хотел нуди и полн спектар на спа третмани. Затоа не изненадува фактот што La Réserve е вклучен на листата на најдобрите хотели за 2017 година од страна на престижната публикација Condé Nast Traveller.париз_9 париз_8 париз_6 париз_5 париз_3 париз_2 париз_1

Испрати коментар

Scroll To Top