Насловна / Вести / „Водовод и канализација“ се сели во новата Управна зграда

„Водовод и канализација“ се сели во новата Управна зграда

ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, од понеделник, се преместува во новата Управна зграда, па затоа викендов ќе работат со вонредно работно време.

Наплатната служба во петок, 10 март, ќе работи од 7.30 до 15.30 часот, додека за викендот нема да биде во функција поради селидбата.vodovod

Од понеделник, наплатната служба ќе работи по нормално работно време, од 7.30 до 19 часот преку недела, а во сабота од 9 до 14 часот. Само овој викенд нема да се работи, соопштија од ЈП „Водовод и канализација“.

Преселбата на претпријатието на кејот на реката Вардар се одложува неколкупати до сега, затоа што градежните работи се одложиле од технички причини.

Новиот објект е на пет ката. На катовите ќе бидат сместени службите, а во приземјето ќе бидат пунктовите за корисниците. Ќе има 15 шалтери, што е тројно повеќе од сегашните.

„Со тоа многу побрзо и поефикасно граѓаните ќе можат да ги завршат работите на шалтерите”, сметаат од ЈП „Водовод и канализација“.

Според проектот, зградата ќе биде на пет ката, со поткровје и подземен паркинг на три нивоа, кој е со капацитет за 115 возила. Фасадата на зградата е во ткн. „барок“ стил, а изградбата чини 10 милиони евра.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top