Насловна / Вести / Во Виена претставена првата електрична кочија

Во Виена претставена првата електрична кочија

Во Виена неодамна е претставен нов облик на еколошки прифатлив електричен превоз: првата е-кочија во Австрија. Оваа електрична кочија која може да прими до 8 патници, е погонувана од електрична енергија од обновливи извори. Се напојува преку јавните градски полнилници, а може да мине 120 километри со едно полнење. Притоа, благодарение на моќноста на моторот од  16 kW, постигнува брзина до 25 km/h.

Треба да се спомене дека оваа електрична кочија нема да ги замени познатите виенски кочии со коњи, туку нејзината цел е промовирање на градската мрежа на станици за полнење на електричните автомобили, а посебно да се истакне важноста од користењето на електрична енергија од обновливи извори. Имено, доколку електричниот автомобил се напојува со енергија од обновливи извори, неговата годишна емисија на стакленички гасови ќе биде 3/4 пониска.

Ианку, благодарение на напорите вложени во заштитата на климата во изминатите години, Виена веќе денес е град со најниска емисија на CO2 во Австрија.

e-fiaker1

e-fiaker2

e-fiaker3

Испрати коментар

Scroll To Top