Насловна / Вести / Во Велес отворена изложбата „Убава е Македонија“ на Новица Трајковски

Во Велес отворена изложбата „Убава е Македонија“ на Новица Трајковски

Во организација на Народниот музеј синоќа во Ликовниот салон во Велес беше отворена изложбата на академскиот сликар Новица Трајковски насловена „Убава е Македонија“ од циклусот„Божествена љубов“.

Како што информира Елица Николова директор на велешкиот Народен музеј и првиот промотор на изложбата на оваа трета самостојна изложба на Новица Трајковски во Велес се претставени 16 пејсажи од Македонија и седум портрети нацртани со дрвени боици на платно.

izlozba

– Новица Трајковски преку своите пејсажи ни го открива својот восхит од природата и низ еден реалистички експресионистички пејсаж се обидува на еден суптилен начин да влијае на нашето естестско битие, како и со седумтте реалистичко експресионистички третирани портрети кои во Ликовниот салон ќе бидат изложени во наредните две недели, информира Николова.

Академскиот скулптор Ангел Коруновски рече дека начинот, пристапот, фокусирањето на композицијата, колоритот, самото доловување на светлина, сите тие моменти прават една слика на авторот да биде модерна.

Во изјавата за МИА, сликарот Новица Трајковкски појасни дека пораката од изложбата е многу силна.

– Конечно да се разбудиме и да сватиме дека вистинскиот рај е нашата Македонија. Навистина е благослов што сме родени тука, а јас и понатаму ќе работам дела инспирирани од божествената љубов, најави Трајковски.

Новица Трајковски е роден 1962 година во Билимбегово сегашно Илинден. Факултет за ликовна уметност има завршено во Скопје во 1988 година во класата на професорите Димитар Кондовски и Родољуб Анастасов.

Има реализирано над 50 самостојни изложби и учествувано на многу групни изложби и колонии, член е на ДЛУМ. Живее и слика како слободен уметник во родниот Илинден.

Испрати коментар

Scroll To Top