Насловна / Вести / Во Торино не можат да возат дизели ниту со еуро 5 мотор

Во Торино не можат да возат дизели ниту со еуро 5 мотор

Неколику италијански градови, осебно на северот на земјата, забранија движење на различни категории возила за да се намали загадувањето на воздухот.

++ Smog: Chiamparino, l'allarme Torino è eccessivo ++

Со црвено предупредување од страна на експертите за количината на смог во воздухот, Торино ги запре сите дизел возила со еуро 5 или пониски ознаки на моторот. Мерките се превземени, бидејќи десет дена по ред се регистрирани преку 50 микрограма микрочестици по кубен метар. За прв пат е применета забрана и на оваа категорија возила.

И Милано бележи црна серија на денови со лош квалитет на воздухот. Годинава бил најзагаден дочек на Нова Година од кога се почнати редовните следења од 2005 година.

mil2_resize

Црвен аларм е на сила и во Падова. Од 8.30 до 18.30 забрането е движење и на приватни и на службени возила на бензин, со мотори  еуро 0 и еуро 1, како и дизел возила со мотори до категорија еуро 4. Во тек на денот одмараат и  двотактни моторцикли и мопеди регистрирани пред 2000. година. Населението се повикува да користи градски превоз наместо возила.

Во Фиренца во центарот на градот, паркирани се приватните и службените возила чии мотори се причина за загадување. Забранета е и употреба на камини и печки на дрва и пелети во јавни и приватни објекти. Постојаниот висок воздушен притисок, слабите ветришта и сувото време само ја влошуваат состојбата.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top