Насловна / Вести / Булевар Македонија – конечно??

Булевар Македонија – конечно??

Во минатиот број на Порта 3 со наслов ДО КОГА?? ја провоцирав вечната тема  за пешачки центар на Скопје и условеноста на таа успешна приказна од решавање на можеби најголемиот предизвик од  инфраструктурната сфера на главниот град – Булевар Македонија или меѓу народот се уште познат како Јужен булевар.

420-970

Од земјотресот 1963 година наваму, сите градоначалници на Скопје го проектираа, посакуваа , а многу често и го ветуваа тоа, секако најважно сообраќајно решение за поврзување на источниот  / Аеродром, Кисела вода../ со западниот / Карпош, Ѓорче Петров…/ дел на Скопје . Со пропаѓањето на можното подземно решение за спојувањње на булеварите  Партизански одреди  и Кузамaн Јосифовски Питу  кај Комплексот банки, единствената надеж за автомобилското избегнување на центарот остана  Булевар Македонија. И еве. Имаме ветување за конечно решение, кое како проект ви го презентираме во денешниот број на Порта 3. Нарачател на Основниот проект е град Скопје, а го изработува проектанската куќа Чакар партнерс, која многу одамна /пред 2000-та год./работеше и на оргиналните би рекол ВИСТИНСКИ РЕШЕНИЈА за сообраќајното решение околу центарот на Скопје.Но од тие убави проектански решенија реализирани беа само мал дел.Во овој приказ нема да навлегувам во подетална анализа за квалитетот на проекното решение. Тоа ќе го оставиме на сообраќајните инженери како стручна фела, но секако накратко ќе го искоментирам..

4H5A0692

На прв поглед и тука сигурно не грешам, ова е многу подобро решение од ова што денес егзистира како-така, со постојани блокади и секојдневни сообраќајни колапси во строгиот центар на Скопје. Главните точки на ова решение се:

  • Булеварот Македонија / како дел од сонот за Јужен булевар /, како предмет на овој проект е во должина од околу 1.500 метри од кои 800 метри се подземен дел

420-970

  • Подземното решение во изведба на турската фирма Лимак, условена со изградбата на станбено-бизнис-трговскиот центар „Diamond“, не е спорен како идеја и решение за премостување на централниот дел на Јужен булевар… Булеварско решение со по две ленти и трамвајска траса во двата правца,која во постојното решение завршува како слеп колосек  ?/

420-970

4H5A0738

Кружниот – елипсовиден дел на сегашниот голем сообраќаен јазол кај НЛБ и Министерство за образование, со правци кон Водно, кон булеварите Свети Климент Охридски и Митрополит Теодосиј Гологанов…  делува како пристојно решение за догледно време и во постојните извонредно сложени сообраќајни правци кои се испреплетуваат на тој простор. Ова се разбира под еден голем услов. Што поскоро дислоцирање на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“  и релаксирање на истоимената улица / пс. Водњанска /, која е под постојана блокада , која ќе се зголеми и со скорешното пуштање на патот кон Сончев град и општината.. . Секое пролонгирање на овој исто така грандиозен проект ќе оди против секое коректно сообраќајно решение на овој кружен тек и пошироко.

420-970

  • Двојниот кружен тек на почетокот на булевар Кочо Рацин и улицата Кирил и Методиј и од другата страна пред Геолошки завод и правците за Водно и Кисела Вода /каде што сега е подвозникот / делуваат исто така како пристојно решение…

Главен и секако најкритичен дел за успех на целата приказна се влезно- излезните решенија од подземниот дел каде се јавуваат извонредно критични точки.

Model

Излезно – влезното решение на западнот дел кое се спојува на кружниот тек кај споменикот на Чакаларов и влезот на булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов,  ќе биде опасно силен јазол со мал капацитет за прием на зголемениот сообраќај. За жал тука и завршува големата идеја за Јужен булевар кон запад  и сè се сведува на влевање во постојната улица – булевар Митрополит Теодосиј Гологанов  . Со самата изведба на булевар Митрополит Теодосиј Гологанов пред неколку години, на некој начин се уништи идејата за Јужен булевар во вистинска смисла. Дали поради неопходното уривање на култните ресторани Воденица, Далма, Фурна …, па и делумното осакатување на новоизведените парковски решенија долж булевар таа идеја дефинитивно останува за некои малку подалечни времиња!? Критичен простор е и уништувањето на сегашните паркинзи околу Цветен пазар, за потребите на автобуска обртна –крајна станица , што драматично ќе го комплицира паркирањето на жителите од населбата Капиштец и околината.

Влезно и излезното решение на источниот дел е исто така поприлично комплицирано и несигурно како решение за подолг рок. На излезната точка од подземниот дел кон кружниот тек околу триаголникот:  булевар 11 Октомври-Македонија и Крушевска Република… за ударниот правец  булевар Македонија – населба Аеродром,  решен е на едно ниво и ќе биде како и досега – тежок сообраќаен јазол. И тука можноста за еден голем кружен тек / или раскрсница на две нивоа /, се одлага  во недоглед , што продуцира ново комплицирано решение на врската со населба Пролет , Аеродром, Лисиче…

420-970

Catalot kaj Rampa2

Дали можело подобро проектно решение за спорните жешки точки. Секако да. Но кај нас е обично така. Колку пари толку музика, а се разбира сиромавиот обично двапати плаќа. И ова решение ќе се сведе на изнудено – дали поради немање пари или  храбра визија за моментално поскапото но  долгорочно решение. Веројатно и едното и другото  

И сепак НАЈВАЖНОТО да си посакаме да овој проект во скора иднина стане стварност и спас за сегашните кошмарни сообраќајни гужви во централното подрачје на главниот град.    

Еден коментар

  1. Mile Dimovski тел. О76 229 1О4

    Koga ke prodoлжи изградбата на бл. Македонија покрај населба 11 октомври

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top