Насловна / Вести / Во топилницата во Момин Поток не се топи олово

Во топилницата во Момин Поток не се топи олово

Во засилената акција штоја започна Општина Карпош за расчиствување на мини депониите и контрола на потенцијалните загадувачи, инспектори од Општината, заедно со инспектори од Градот Скопје и Државниот инспекторат за животна средина, имаа работна средба во индустриската зона Момин Поток.

„Со посебно внимание се изврши увид и контрола на топилницата во Момин Поток за која имаше контроверзни шпекулации од граѓаните и е утврдено дека не станува збор за топење олово. За поточни сознанија, на фирмата ѝ е наложено што побргу да изврши специјализирани мерења од страна на акредитирана лабораторија во присуство на претставник од Државниот инспекторат за животна средина, кои ќе ја испитаат емисијата на гасови што ја врши топилницата“, соопшти Општината.

Од таму велат дека во зависност од резултатите од мерењата, ќе следуваат конкретни мерки, кои ќе бидат преземени од страна на сите надлежни институции.

На средбата се разговарало и за комуналниот и градежниот отпад, кој се забележува во овој дел на Карпош.

„Општината започна да ги чисти мини депониите на повеќе локации, но, освен тоа, за да не се повторува трупањето отпад, потребно е подигнување на јавната свест за да спречиме идно загадување. Во оваа насока ќе се направи уште една или повеќе средби, во зависност од нивните потреби, со управителите на правните субјекти од Момин Поток, кои ќе бидат од едукативен карактер сѐ со цел да ја зголемиме информираноста кај сите страни за важноста од заштита на животната средина и чистиот воздух“, наведуваат од Општина Карпош.

Испрати коментар

Scroll To Top