Насловна / Екологија / Енергетска Ефикасност / Во Охрид, предавања за енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија

Во Охрид, предавања за енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија

ohrid
Во Охрид во хотелот „Милениум палас“, на 17 декември ќе се одржат отворени предавања за енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија. Освен стручната јавност, предавањата може да ги следат и заинтересирани  од пошироката јавност, малите и средни претпријатија и локалните институции од Југозападниот плански регион на Република Македонија. Предавањата ќе ги водат професори од техничките факултети во земјава со докажано долгогодишно искуство во полето на ЕЕ и ОИЕ. Отворените предавања се дел од третата активност на проектот „Зголемување на енергетска ефикасност и искористување на обновливи извори на енергија во прекуграничниот регион“.

Проектот е финансиран од Европската Унија како дел од ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Македонија и Република Албанија. Водечки партнер на проектот е „Центарот за енергетска ефикасност на Македонија – МАЦЕФ“ во партнерство со „Центарот за развој на југозападниот плански регион“ од Република Македонија и „Албанија-ЕУ Центар за енергетска ефикасност“ и Регионалниот совет на Корча од Република Албанија.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top