Насловна / Арт и дизајн / Во МСУ отворена изложбата „Грабење во просторот“ на Стефанов

Во МСУ отворена изложбата „Грабење во просторот“ на Стефанов

Вчера во Музеjот на современата уметност во Скопје се отвори изложбата „Грабење во просторот“ на скулпторот Глигор Стефанов, кој по 30 години се враќа на македонската ликовна сцена.

IMG_20190619_221157
Стефанов е роден 1956 година во Кавадарци. Дипломирал и завршил и постдипломски студии на Академијата за ликовни уметности во Белград. Од почетокот на својата кариера Стефанов ја обработувал скулптурата како објект или како комплексна просторна инсталација на објекти.

IMG_20190619_222008

Кон крајот на 70-те години Глигор Стефанов експериментира со разновидни материјали како гипс, коноп за лиење, отпадна волна и слично. Во средината на осумдесеттите години, започнал да создава просторни инсталации со употреба на природни материјали како памук, слама, трева, глина и дрво и излага во повеќе градови на поранешна Југославија, Пазин, Загреб, Белград, Сараево, Скопје.

IMG_20190619_221339
Сламата и дрвото (повремено и акриликот) му се основен материјал на леталата што ги создава по неговото заминување во Лондон 1989 г. Во 90-тите години реализира повеќе инсталации во Англија, Ирска и Германија и заедно со Петре Николоски во 1993 г. учествува на Венециското биенале, што е и првото претставување на самостојна Македонија.

IMG_20190619_221238

Од 1995 година живее во Виндзор, Канада. По повеќегодишна пауза ја продолжува својата уметничка кариера не само по галериите во Виндзор туку и на други локации во земјата и во САД.

Стефанов според она што го прикажува, се потврдува како еден од најзначајните македонски уметници, чиј алтернативен однос кон скулптурата остави белези врз нашата ликовна сцена во последните четириесетина години.

IMG_20190619_221500
IMG_20190619_221443

IMG_20190619_221119

фото: КИРО ПОПОВ

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top