Насловна / Вести / Во Македонија беснеат пожари, состојбата ќе се разгледува на владина седница

Во Македонија беснеат пожари, состојбата ќе се разгледува на владина седница

Во Македонија и денеска има неколку активни пожари. На дневен ред на денешната владина седница е и состојбата со пожарите, од кои повеќето се регистрирани во Македонски Брод.пожар

Според последните информации, Центарот за управување со кризи информира дека состојбата со пожарите е следна:

Југозападен Плански Регион

Пожарот кај месноста наречена Фрлогоец на Бистра Планина е со помал интензитет. Регистрирани се три жаришта на планината, а реонот е непристапен за интервенција.

На подрачјето на Македонски Брод сите пожари се локализирани и се ставени под контрола. На гаснење на неколку од нив интервенирале и хеликоптери.

Повардарски Плански Регион

Пожарот на отворен простор на подрачјето на село Галиште е сè уште активен, но со послаб интензитет. Гори сува трева и трње. Попладнето интервенирал и еден хеликоптер.

Пожарот од село Никодин од прилепска страна навлегол на територијата на општина Чашка. Гори нискостеблеста шума и сува трева.

Северен (Скопски) Плански Регион

На територијата на град Скопје состојбата со пожарите е следна: има активен шумски пожар помеѓу селата Никиштани и Грачани, кој е пријавен во доцните попладневни часови во текот на вчерашниот ден. Гори ниска неквалитетна шума на тешко пристапен терен.

Пожарот кај село Никиштани е сè уште активен, но е под контрола. Во текот на вчерашниот ден се појавил шумски пожар кај населеното место Градманци, на м.в.Оријак, каде што гори нискостеблеста, зеленика и дабова шума. Пожарот е на непристапно место и во неговото гаснење учествувале два авиона на ДЗС.

Пелагониски Плански Регион

Пожарот во атарот на селата Дрен и Смолани во текот на вчерашниот ден е ставен под контрола, но сè уште е активен во опожарениот дел. Екипите сè уште се на терен.

Пожарот во с. Никодин, Прилепско, е сè уште активен и проширен и се движи на велешка страна. Во гаснење на пожарот во текот на вчерашниот ден се вклучени и авионите на ДЗС.

Во текот на вчерашниот ден во попладневните часови пријавен е пожар кај манастирот „Свети Илија“. Запалени се дрва од гром.

Испрати коментар

Scroll To Top