Насловна / Архитектура / Во Кина ќе се гради зелена болница каде што природата е дел од терапијата

Во Кина ќе се гради зелена болница каде што природата е дел од терапијата

На југоистокот на Кина ќе се гради центар за рехабилитација во градот Шенжен, кој ќе биде целосно отворен за заедницата и ќе се интегрира во урбаната ткаенина на соседството. Ова решение, кое е победник на меѓународен натпревар, треба да се реализира во наредните три години, а според архитектот Стефано Боери, кој стана познат по познатата зграда „Боско Вертикале“ во Милано, зградата ќе се карактеризира со збир на зелени тераси и преклопување на простори во одржлив систем кој ги комбинира природата, архитектурата и биодиверзитетот.

bolnica

Според архитектот Ксу Јибо, од Stefano Boeri Architetti, центарот за рехабилитација ќе има за задача да ја спои природата и околниот пејзаж со цел да го заземе зрелиот, безбеден и гостопримлив карактер на овој град, пренесува ArchDaily.

bolnica1

Проектот е признат како идеално решение заради иновативниот пристап кон проблемите со инвалидитет, кој комбинира аспекти кои досега не биле доволно истражувани, како што е интеграцијата на зелените површини во континуитет со сите различни функционални простори на центарот. Имено, овој центар ќе биде наменет за лица со различен степен на попреченост, на возраст од 16 до 60 години.

bolnica2

“Нашиот проект отвора нова перспектива во архитектурата на големите центри за рехабилитација. Првенствено затоа што моторната и / или когнитивната попреченост не се перцепира како кршливост на малцинството луѓе, туку како состојба што сите ја имаме заедничка, дури и во текот на само една фаза од нашите животи. Второ, проектот нуди идеја за целосна достапност до објектите и услугите за рехабилитација, и трето, затоа што се препознава добро познатиот терапевтски квалитет на зеленилото и природата, а објектот нуди неверојатен износ на достапни зелени места“, објасни Стефано Боери.

bolnica3

Проектот вклучува цела низа функции во рамките на зградата, како што се рехабилитација, обука, рекреативни и уметнички активности, едукативни и работни капацитети, сместувачки единици, но и музејски простор. Со цел да се обезбеди секојдневна поддршка на пациентите, центарот нуди места за разни натпревари, индивидуални и тимски тренинзи.

bolnica4

Во зоната на терапевтската кровна градина, каде се создадени простори за зеленило, интегриран е систем за производство на енергија од обновливи извори. Благодарение наизбраните растителни видови на покривот, но и во централниот двор, зеленилото создава врска со соседниот јавен парк, што ја зацврстува врската на зградата со соседството и однадвор и внатре.

bolnica5

Испрати коментар

Scroll To Top