Насловна / Архитектура / KONNTRA INTRO – успешна приказна која не завршува овде…

KONNTRA INTRO – успешна приказна која не завршува овде…

KONNTRA е младо архи­тектонско студио кое оствари исклу­чително успешни резултати во низа натпревари од областа на архитектурата и дизајнот. Ос­новано е од Мирјана Лозанов­ска, Силвија Шалева и Ерик Јуришевич, и е препознатливо по нивниот пристап со совре­мен, карактеристичен и коло­ритен графички израз за пре­зентирање на архитектонските проекти. Студиото е формирано во Хрватска, Македонија и Слове­нија. Желбата за меѓународна соработка на инспиративни и успешни архитектонски проек­ти доведе до создавање на ова архитектонско студио.

Карактеристично е тоа што како интернационален тим се обидуваме да прикажеме еден нов и поинаков начин на проек­тирање и реализирање на проектите. Она што е најспецифично во проектите е гра­фичкиот израз. Обликувањето на визуелните прикази за секој проект поминува низ повеќе фази, сè со цел на крај да се на­прави и прикаже нешто уни­катно и ново. Секој нов предизвик за нас претставува шанса за натамош­но подобрување, како и доказ за успешна соработка помеѓу ма­кедонски, хрватски и словенечки млади архитекти.

PROFILE PHOTO _ BY Ivica Ivčević__ place BAR BOTANICAR,ZAGREB_resize

За сите наши проекти можеме да кажеме дека се направени со иста количина на внимание, посветеност и ен­тузијазам. Тоа што доаѓаме од раз­лични држави, растојанието и различноста помеѓу нас не е препрека, туку напротив, заед­нички и тимски го искористивме како прилика, односно како по­зитивна страна да ги споделиме нашите различни гледишта кон архитектурата и да ги сплотиме идеите, сѐ со цел да се продуци­ра што е можно поквалитетна и уникатна архитектура.

ПРОЕКТИ

Особено важни проекти и доказ за одлична соработка и успех помеѓу македонски, словенечки и хрватски млади архитекти каде KONNTRA се квалификува како супертим и со фокус на меѓусебно надоградување ја достигнаа заедничката цел.

Од освоените награди, на реномирани архитектонско-урбанистички натпревари, дел од нив интернационални, би можеле да ги издвоиме:

1. Прво место – Архитектонски проект за Средно економско училиште и спортска сала во Вуковар, Хрватска.

2. Прво место – Архитектонски проект за Општинска зграда и уредување на централниот градски плоштад со подземен паркинг во Зеница, Босна и Херцеговина.

3. Прво место – Архитектонски проект за уредување Градски плоштад за традиционални занаети во Вараждин, Хрватска.

4. Четврто место – Архитектонски проект за  Детска градинка во Загреб, Хрватска.

5. Прво место – Архитектонски проект за Олимписка патека за боб санкање лоцирана на планината Требевиќ, Босна и Херцеговина.

6. Второ место Архитектонски проект за Здравствен дом Загреб, Хрватска.

7. Признание од Македонската амбасада во Р Хрватска за постигнати големи успеси и примена на современи иновативни решенија во областа на архитектурата на територија на Р Хрватска.

Денес KONNTRA зафаќа повеќе лока­ции во зависност од тековните проекти. Во моментов сме на рела­ција Хрватска – Сло­венија каде работиме на завршни фази односно изведба на проектите  на Средното економско училиште во Вуковар и уредување на Град­скиот плоштад во Ва­раждин. Секој од овие проекти има различна и специфична приказ­на. Проекти кои ни се особено драги и нѐ по­ врзуваат со Хрватска, каде што и започна на­шата приказна, на еднаква дистанца помеѓу нашите родни градови, Скопје и Порторож.

03 visual_KONNTRA_ Varazdin Hrvatska_resize

По укажаната прилика на Порта3, да се претставиме со проект кој е изведен од нашето архитектонско студио, се одлучивме да прикажеме проект кој за нас е исклучително важен како млади архитекти. Урбанистичко-архитектонскиот проект за уредување градски плоштад за традиционални занаети во Вараждин, Хрватска. Проект кој ни разбуди посебна инспирација, како при изработка на проектната документација, така и при изведбениот процес, севкупната соработка со корисниците, и трудот кој пред сè ние како архитекти го вложивме, за севкупен придонес на плоштадот во стариот дел во Вараждин.

Processed with VSCO with hb2 preset

Локација

Плоштадот за традиционални занаети во Вараждин се наоѓа во централниот дел на градот. Како многу важна точка што го засилува традиционалното производство на производи, таа бараше многу чувствителен пристап кој ќе го негува и зачува сегашниот идентитет на областа. Локацијата на плоштадот е на пресекот на различни видови објекти и активности; на северната страна е стариот град, од јужната и источната страна се станбени згради, додека на западната страна се наоѓа сакрален објект со исклучителна важност за таа област. Оваа локација веќе нуди еден вид традиционален амбиент, а тесните улици додаваат на посебниот шарм на местото.

Processed with VSCO with hb2 preset

Целокупното функционално решение и пристап за дизајн требаше да го потенцираат и зачуваат квалитетот на локацијата. Во програмата покрај урбанистичкото решение и поставување на урбаната опрема, секако како главен доминантен елемент на плоштадот беа позиционирани модуларни киосци, во кои е планирана продажба и презентација на традиционални рачни изработки. Задржувањето само на позицијата од постоечките модуларни киосци, во нашиот проект овозможија главен фокус, размислување и имплементација на нов модерен дизајн, на новопроектираните киосци и флексибилност која ќе обезбеди подобар простор за презентација.

Processed with VSCO with hb2 preset

Урбан концепт

Урбаниот концепт и поставеност ја збогатува врската помеѓу плоштадот како слободен простор и модуларните киосци. Одлуката за поставување мобилни киосци на југ и исток од постојните фасади е донесена со проценка на тековната состојба. Задржувањето на овие постојни позиции за киосците овозможуваат инсталирање на шест нови модули кои даваат една нова димензија на плоштадот, но го задржуваат карактерот на околината и се вклопуваат беспрекорно во неа. Отворениот централен простор на плоштадот е збогатен со поставување дрвја со средна височина како што се видовите: Gleditsia Sunburst и зеленило по соседните ѕидови  Hedera helix- Ivy, што ќе создаде сенка за местата за седење и ќе им даде на корисниците повеќе удобен простор за престој и одмор. Дополнителните елементи од севкупниот дизајн на плоштадот, кои не се фиксни, овозможуваат целосна флексибилност во централниот простор, кој овозможува да се трансформира спрема потребите на корисниците, во зависност дали се одржува презентација, проекција, собир и сл.

Processed with VSCO with hb2 preset

Модуларни киосци

Мобилните модуларни киосци се поставени во линија на фасадните ѕидови од постоечките објекти на исток и југ. На тој начин се гарантира пристапност од која било страна. Модулот е поставен да обезбеди одлична визуелна комуникација помеѓу посетителите и трговците како производители на традиционалните производи. Секој модул има платформа како надворешно продолжение со соодветна висина што ја формира целата и ја потенцира линеарноста на модулот.

Модуларен киоск е дизајниран да се отвори од три страни, иако неговиот намерен распоред варира според морфологијата на околниот простор. Создадени се минимални волумени во форма на квадрат со димензии 240/240/240 сантиметри.

Processed with VSCO with hb2 preset

Со дизајнирање и избор на материјали и бои, главната цел беше да се вклопи во околината на градот. Модулите беа дизајнирани со цел да се постигнат различни атмосфери во различни периоди во текот на денот и ноќта. При отворање на самите киосци се дефинира сосем различна атмосфера, достапен е и видлив цел изложбен простор сè со цел истакнување и продажба на традиционалните производи. Додека пак кога е затворен во текот на вечерните часови, надворешната обработка со минимален дизајн и со живописна пастелно розова боја на материјалот на фасадата од дрвени табли се вклопува во околината. Надворешните елементи на модулот се многу важни. Платформата е планирана да биде поставена на левата или на десната страна, но има и можност да се постави на предната страна од модулот доколку е потребно. Покрај тоа, секој модул доаѓа со парчиња мобилен мебел што може да се поставуваат и да се преместуваат на платформата или на плоштадот по потреба. Всушност главен архитектонски потег е модуларноста и флексибилноста на овие објекти.

2.5_materials_resize

Урбана опрема

Во втората фаза за изведба која претстои и е планирана во наредните месеци, во тек на изработка се: урбаната опрема, зеленило и осветлување на плоштадот.

Урбаниот мебел на плоштадот се состои од монолитни бетонски клупи, линеарно поставени на плоштадот долж улицата, спречувајќи паркирање на возила, канти за отпадоци со завршна обработка од бетон се фиксираат периферно на точно дефинирани позиции.

Processed with VSCO with hb2 preset

Како еден од доминантните и важни сегменти од севкупниот дизајн на плоштадот е централниот елемент „витрина“, како елемент кој е централно поставен, изработен од челична мрежа со дополнителни позиции за дрвени кутии кои ќе овозможат изложба на производите. Таа точка претставува главно место за собирање на плоштадот, има за цел да ја едуцира јавноста за традиционалните занаети, создава простор за презентации и дизајни на производи и го промовира традиционалниот пазар на занаети.

2.3_materials_resize

За надополнување на севкупниот амбиент и концепт на плоштадот, предвидени се ѕиден елемент, односно мрежа долж постоечките ѕидови поставени во заднина на модуларните киосци, по кое е предвидено густо зеленило, и амбиентално осветлување, како што е прикажано на приложените визуализации.

2.2_materials_resize

* * *

Иако од различни земји на Балканот, со заедничка замисла и цели, како и со помош на денешната совреме­на технологија, оства­рена е одлична кому­никација и соработка. Проектите на нашиот интернационален тим и достигнувањата за краток временски пе­риод претставуваат ус­пешна приказна која не завршува овде…

03. PORTOROZ Slovenia POREČ Croatia_resize

Од особена важност е нашето претставување на 17-то Венециско биенале 2021 за Унгарскиот павилјон. Проектот на  темата „Othernity“, е првиот меѓународен проект на унгарскиот павилјон. Изложбата има за цел да покаже нов, колаборативен метод за преиспитување на заштитата на наследството. Павилјонот ќе се прикаже како изложбен простор поделен на два дела: едниот што претставува претстави од минатото и сегашноста, додека другиот дел предлага нови развојни перспективи.

Размислувајќи за тоа што е следно, секој ден претставува нов предизвик на кој му се радуваме, момент за споделување креа­тивни мисли со кои нашата KONNTRA се надградува.

Автор: Мирјана Лозанов­ска, дипл.инж.арх.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top