Насловна / Вести / Во Индија пронајдени фосили од најстарите облици на живот на Земјата

Во Индија пронајдени фосили од најстарите облици на живот на Земјата

Научници од Индија пронашле прокариотски микрофосили, чија старост се проценува на две милијарди години.

Станува збор за фосили од најстариот облик на живот на Земјата.

Медиумите пренесуваат дека во оваа група припаѓаат бактерии и модро зелени алги, додека сите други организми претставуваат еукариоти.фосили

Овие организми на Земјата се појавиле пред околу 3.5 милијарди години, а се уште не е познато како од нив започнале да се создаваат повеќеклеточни, односно сложени организми.

Фосилите во Индија ги открил поранешен професор на Универзитетот во Патни.

Откритието било претставено на неодамнешна годишна конференција на индискиот геолошки конгрес во Нагпур.

Испрати коментар

Scroll To Top