Насловна / Вести / Во Гевгелија ќе се гради прифатен пункт за мигранти

Во Гевгелија ќе се гради прифатен пункт за мигранти

punkt

Општинските власти во Гевгелија заедно со претставници од УНХЦР и на Меѓународниот Црвен крст ќе градат специјален еднодневен пункт во градот за мигрантите што пристигнуваат преку границата меѓу Македонија и Грција..

Од УНХЦР побарале пунктот да биде лоциран на просторот околу автобуската и железничката станица во Гевгелија, со цел да се спречи талкање на бегалците по другите делови од градот. Таму мигрантите ќе имаат пристап до чиста вода за пиење, а ќе бидат поставени и тоалети, маси и клупи со заштита од сонце.

Градоначалникот Франгов сугерира ваков пункт да биде поставен и во меѓуграничниот простор на Македонија и Грција. Општина Гевгелија презеде и други мерки во врска со мигрантите, како што се здравствени услуги и задолжителната дезинфекција на превозните средства со кои тие се транспортираат до Табановце.

Испрати коментар

Scroll To Top