Насловна / Екологија / Енергетска Ефикасност / Во функција нова 110 kV постројка во Петровец

Во функција нова 110 kV постројка во Петровец

62d06eabb6f0fe6cd74f512b2e5550c3
Инвестицијата на МЕПСО вредна еден милион евра, значително ќе ја подобри доверливоста на електроенергетскиот систем, напонските прилики и снабдувањето со електрична енергија во четири општини во овој дел на скопскиот регион. Новата постројка ќе биде од особено значење за капацитетите во индустриската зона на територијата на општина Петровец.

За период од шест месеци се изгради потребната инфраструктура со која трафостаницата „Петровец“ се приклучи на преносната електро-енергетска мрежа со која управува МЕПСО, од каде информираат дека и наредните години ќе се реализираат повеќе проекти чија вредност изнесува преку 65 милиони евра.

Испрати коментар

Scroll To Top