Насловна / Екологија / Како Кина се бори со загадувањето?

Како Кина се бори со загадувањето?

maxresdefault
Кинескиот производител Kandi започна програма за изнајмување и доделување на возила, како дел од стратегијата за масовна употреба на автомобилите на електричен погон, а со крајна цел намалување на загадувањето во урбаните области. Во соработка со компанијата Geely, на жителите на кинескиот град Хангжу понудено им е изнајмување на мал електричен автомобил за 3,4 долари на час.

Автомобилот наликува на европскиот модел Smart. Кога програмата ќе биде спроведена до крај, планирано е корисниците на овие автомобили во градот да имаат на располагање 750 пунктови со 5.000 до 10.000 автомобили за изнајмување. Кинезите планираат до 2020 година, на улиците ширум земјата да има најмалку два милиони електрични автомобили.

Извор: B92

Испрати коментар

Scroll To Top