Насловна / Вести / Во декември издадени 336 одобренија за градење

Во декември издадени 336 одобренија за градење

Gradenje kukji

Лани во декември се издадени 336 одобренија за градење со кои е предвидена изградба на 919 станови, со вкупна корисна површина од 65.430 метри квадрати, што е за 10,2 отсто повеќе во однос на истиот месец од 2014 година. Предвидената вредност на објектите изнесува 4,86 милиони денари или за 40 отсто повеќе во однос на декември претходната година.

Според податоците на Државниот завод за статистика, од вкупниот број издадени одобренија за градење, 216 (64,3 отсто) се наменети за објекти од високоградба, 49 (14,6проценти) за објекти од нискоградба и 71 (21,1 отсто) за објекти за реконструкција.

Од вкупно 336 објекти, кај 216 (64,3%) како инвеститори се јавуваат физички лица, а кај 120 (35,7%) инвеститори се деловни субјекти.

 

Испрати коментар

Scroll To Top