Насловна / Вести / Во Центар улиците исчистени – фрлени 60 тони сол

Во Центар улиците исчистени – фрлени 60 тони сол

Екипите на општина Центар, заедно со зимската служба, поради обилните врнежи од снег во изминатите 24 часа,  работеа во текот на ноќта со целата расположлива механизација. .

Ваквата одлука од страна на општината беше донесена за да не се дозволат поголеми наноси од снег и подмрзнување во раните утрински часови.

Синоќа, од 21:30 до 02:00 часот , беа фрлени 23 тони сол по улиците кои се во надлежност на   општината и снегот е расчистен на  сите улици.Чистење улици (4)

Акцијата  за чистење започна со улиците на Водно, како најризичино подрачје, и продолжи  на територијата на целата општина.

Во 05:00 часот,  поради непрестаните  врнежи од снег, повторена е истата рута и до 09:00 часот се фрлени дополните 37 тони сол или вкупно 60 тони во двете акции.Чистење улици (3)

Утрово улиците беа исчистени, и  граѓаните можеа без потешкотии да ги напуштат домовите. Сообраќајот по сите коловози се одвива непречено.

Општински мобилни екипи се подготвени и за интервенција на  повик на граѓаните.Чистење улици (5) Чистење улици (1)

Општина Центар  ги известува граѓаните доколку за  одредени улици има потреба од дополнителна интервенција, да го контактираат директно раководителот Горан Иљовски на телефон  ‎072 268 746.

Испрати коментар

Scroll To Top