Насловна / Арт и дизајн / Во Барселона отворена изложба на Дали инспирирана од неговата Гала

Во Барселона отворена изложба на Дали инспирирана од неговата Гала

Во Националниот музеј на уметноста на Каталонија во Барселона отворена уште една изложба на дела на славниот уметник Салвадор Дали, насловена како Gala Salvador Dalí. A Room of One’s Own in Púbol.гала (4)
Ова е првата меѓународна изложба која е целосно посветена на Гала, жена и муза на уметникот, која се смета за една од клучните влијателни фигури на светската уметност на 20 век. Иако Гала била муза и инспирација за многу познати уметници како што се Пол Елоар, Луј Арагон, Макс Ернст и Андре Бретон, нејзиниот живот нјмногу го одбележи бракот и соживотот со авангардниот уметник Салвадор Дали. Бројни негови слики и дела биле инспирирани токму од неа, а некои од делата дури ги работеле заедно. гала (3)

На изложбата отворена во Барселона, има дури 315 експонати кои се посветени или едноставно поврзани со Гала. Меѓу нив се наоѓаат слики, фотографии, разгледници, писма, книги, но и нејзина облека. Главната идеја на изложбата била да покаже како Гала всушност влијаела на овој славен уметник и како и сама го формирала својот уметнички израз. Pubol е всушност готски замок од 11 век во Жирони, кој Дали во 1968 година и го поклонил на Гала. Но, Салвадор Дали можел таму да се појави, само ако Гала го поканела. Двојката имала комплексен однос кој се базира на висок степен на интимност и размена на исти идеи и визии. Изложбата е отворена до 14 октомври оваа година.гала (1) гала (2)

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top