Насловна / Архитектура / Villa Castiglione – најексклузивната и највозбудливата панорама на Капри (ВИДЕО)

Villa Castiglione – најексклузивната и највозбудливата панорама на Капри (ВИДЕО)

Самата локација, Капри, е доволна за да го направи ова архитектонско дело остварување на соништата. А ако се додаде и неговата историја, поврзана со императорот Тибериј, кој изградил тука на островот една од своите 12 куќи пред околу 2000 години, ситуацијата станува навистина единствена.

Реалноста ја надминува имагинацијата, бидејќи Villa Il Castiglione е класа сама по себе. Се наоѓа на карпа на висина од 250 метри со поглед на морето, каде што ветерот издлабил мала природна пештера. Панорамата е една од највозбудливите на Капри: од едната страна се гледаат Faraglione, од другата е свртена кон Marini Piccola; се врамено со Неаполскиот Залив.

Villa Il Castiglione се смета за еден од најексклузивните имоти на островот. Во објектот се зачувани делови од ѕидини од тврдина, изградени во средниот век врз урнатините на римска градба нарачана од Тибериј.

Пренамената во приватен објект направена е пред некоја година, благодарение на семејството Сaracciolo, кое го трансформирало во луксузна двокатна вила. Денес е дел од Manfredi Fine Hotels Collection, а по преуредувањето и реставрирањето на ентериерот развиено во соработка со Giorgetti, сонот за привремен престој во овој имот стана реалност. Можеби не за секого, но секако за малкумина среќници, во потрага по сосема уникатно искуство. Цената за ноќевање започнува од 10.000 евра.

Од вилата, високо сместена над морето, гостите можат да уживаат во прекрасниот поглед на целиот остров и преку водата кон Неаполскиот залив и крајбрежјето на Соренто.

Вилата е опкружена со огромен имот што се протега на над 30.000 квадратни метри градини, панорамски тераси и базен.

Распоредот на просторите и дизајнот на ентериерите очигледно ги земаат предвид клиентите од највисоко ниво, вклучително и ексклузивни приватни настани. Нивото наменето за гости – подрумот е само за свечености и и услужен персонал – е организирано околу голема дневна зона од 300 квадратни метри, поделена на дневна и трпезарија, каде што мешавината од модерен мебел (скоро целиот произведен од Giorgetti) и винтиџ предмети, современа уметност и декоративни карактеристики на локалната занаетчиска традиција, создава рафинирана, но исто така и луцидна, прозаична атмосфера, со силен акцент на погледот на морето.

Главните протагонисти се прозорците, поставени директно на карпата; за обложување на делот подолу, семејството Caracciolo се одлучило за уметнички плочки од брегот на Амалфи, чии бои сега се одразуваат во смолата на трпезариската маса, парче по нарачка изработено од Rugiano.

Од ходникот се продолжува кон скалите каде се сместени гостинските соби, распоредени од двете страни. Вкупно се пет, опремени со приватни бањи и различни во однос на завршните обработки и мебелот, но сите со фокус на неутрални, релаксирачки бои.

Главната спална соба, со салон, и соседната Coral Room, имаат привилегија за пристап до терасата што ги отвора просторите кон надвор, по должината на древните ѕидови на градбата, проектирајќи го погледот кон Faraglioni, како од преден дел на брод.

Веднаш под терасата, а и натаму со поглед на морето, драматичниот базен вдлабнат во карпата нуди навистина импресивно искуство: од едната страна многуте нијанси на сина боја на водата и небото ги омекнуваат контурите; од друга страна, ладното, релаксирачко зеленило на парк од 30.000 квадратни метри ја опкружува Villa il Castiglione, носејќи ги сите ароми на Медитеранот.

Испрати коментар

Scroll To Top