Насловна / Вести / Виена се ослободува од паднатите есенски лисја на корисен начин

Виена се ослободува од паднатите есенски лисја на корисен начин

Есента им создава проблеми на работниците во градските служби задолжени за чистење на јавните површини. Паднати лисја насекаде. Но, во Виена, лисјата не се само проблем кој треба да се тргне од улиците, туку тоа е бесплатна суровина.

Со цел постоечките контејнери за биоотпад кои им стојат на располагање на граѓаните да не бидат пренатрупани, но и за да го направи поедноставно собирањето на паднатите лисја, Градската служба МА48 и оваа година им нуди на граѓаните биоразградливи вреќи за собирање на лисјата. Вака наполнетите вреќи заедно со останатиот отпад составен од биомаса, се носи во компостарата во близина на градот. Од околу 100.000 тони отпад од биомаса колку што годишно с есобира во Виена, се произведува околу 40-45.000 тони компост со висок квалитет. Вака произведениот компост веќе со години може да се купува по многу пристапни цени.

ma481

ma482

ma483

Испрати коментар

Scroll To Top