Насловна / Архитектура / Вертикален парк – највисока кула во Флорида

Вертикален парк – највисока кула во Флорида

Тематскиот вертикален парк SkyRise во Мајами, проект на компанијата Arquitectonica, кога ќе биде изграден ќе стане највисока кула на Флорида. Планирано е со изградбата да се започне на почетокот на следната година. SkyRise ќе биде кула со мешовита намена со содржини за забава, висока 300 метри. Ќе се наоѓа во централното градско јадро, т.е во самото срце на Мајами и ќе го измени градскиот хоризонт.  Со кулата ќе управува компанијата Legends. SkyRise Miami ќе стане најзначајната кула во државата, на чија реализација работи  Berkowitz Development Group. Под името „Вертикален тематски парк“, овој облакодер ќе вклучува платформи за набљудување, простори за музички настани, ВИП дел и тематски атракции.

Бројните платформи за набљудување ќе опфаќаат 64 километри широк поглед од врвот на кулата. Другите погодности вклучуваат виртуелна реалност и „летечки театар“.  SkyRise Miami ќе биде изграден со  бројни значајни карактеристики, вклучувајќи микс на бетон и конструктивен челик, а во текот на сезоната на ураганите ќе може да издржи ветрови од 300 километри на час. Кулата SkyRise Miami ќе биде завршена до 2023 година.

skyrise1

skyrise2

skyrise3

skyrise4

skyrise5

 

Испрати коментар

Scroll To Top