Насловна / Вести / Тропскиот рај воведува нови правила – или одржлив туризам или ништо

Тропскиот рај воведува нови правила – или одржлив туризам или ништо

Бахамите, тропски рај познат по тиркизното море и луксузните хотели, одлучиле да ги променат правилата на игра во интерес на заштитата на животната средина. Владата јасно порачала – туризам и инвестиции „да“, но не по секоја цена. Новото мото на земјата е no sustainability, no deal. Туризмот учествува во повеќе од половина во економијата на Бахамите, но токму оваа дејност го врши и најголемиот притисок врз животната средина. Со цел да обезбеди долгорочна иднина на туризмот, Бахамите вовеле закони кои се обврзувачки за сите нови проекти во однос на користење на обновливи извори на енергија, енергетски ефикасни уреди и одржливи материјали.

Накратко, се бара инвестициите да бидат „климатски паметни и општествено одговорни“. Со други зборови, луксузот не значи само ексклузивно сместување и приватна плажа, туку и почитување на природата и вклучување на локалното население во дејноста. Во време кога многу тропски дестинации го губат својот идентитет под притисок на мсовниот туризам, Бахамите докажуваат дека посои поинаков пат – одржливоста како услов, а не избор.

Испрати коментар

Scroll To Top