Насловна / Вести / Трето издание на изложбата „Османлиски културни белези во Македонија“

Трето издание на изложбата „Османлиски културни белези во Македонија“

Покана

Утре (3 март) со почеток во 19 часот, во објектот „Чифте Амам“ ќе се одржи свечено отварање на третото издание на изложбата „ Османлиски културни белези во Македонија“.

Изложбата со претходните две изданија во 2014 и 2015 година беше проследена со голем интерес од љубителите на уметноста.

На изложбата ќе се прикажат музејски предмети- експонати, фотографии и документи од разни градови на Македонија.

– Со оваа изложба ќе имаме можност да сведочиме за белезите на отоманската уметност и естетика кои се проширени низ сите краиште на земјава, вели организаторот Институтот „Јунус Емре“.

Изложбата ќе биде отворена до 13-ти март.

Испрати коментар

Scroll To Top