Насловна / Вести / Топлинските пумпи – лидер на словенечкиот пазар

Топлинските пумпи – лидер на словенечкиот пазар

Големиот раст на пазарот на топлински пумпи во Словенија, дури 10%, продолжува веќе четврта година по ред. Доколку се продолжи со ова темпо, веќе во 2024 година, може да се очекува удвојување на овој пазар. Стручњаците од Центарот за енергетски решенија (CER), проценуваат дека во Словенија годишно се инсталираат дури 8.000 – 10.000 топлински пумпи, од кои 2/3 во домаќинствата. Како главна причина за овој растсе истакнуваат големите можности на овие уреди во покривањето на потребите за греење и ладење, големата енергетска ефикасност, но секако и одличните финансиски стимулации кои ги обезбедува Еколошкиот фонд. Овие субвенции се зголемени од 34% на 41% во 2018, а најголем интерес имало за вградување на топлински пумпи воздух – вода за централно греење во семејни куќи. За таквите проекти предвидени се субвенции во висина од 40% од признатите трошоци за набавка.

heat pumps1

heat pumps2

heat pumps3

heat pumps4

Испрати коментар

Scroll To Top