Насловна / Вести / Термоцентралите на јаглен во регионот и натаму ги надминуваат дозволените нивоа на штетни емисии во воздухот

Термоцентралите на јаглен во регионот и натаму ги надминуваат дозволените нивоа на штетни емисии во воздухот

Ниту една земја – договорна страна  на Енергетската заедница (ЕЗ) која има јаглен во својот енергетски микс, не ги почитува целите од Националниот план за намалување на емисии, барем за еден од три загадувачи (азотни оксиди, сулфур диоксид и прашина) од Директивата за големи постројки за согорување  (LCPD), покажува новиот извештај на ЕЗ. Косово нема остварено ниту една цел, а следуваат Босна и Херцеговина и Македонија кои ги немаат остварено целите за сулфур диоксид и прашина. Земјите кои се договорни страна на ЕЗ се Грузија, Молдавија, Украина и земјите од Западен Балкан.

„Времето истекува за термоцентралите на јаглен во ЕЗ. Ситуацијата е посебно сериозна во земјите на Западен Балкан. Договорните страни на ЕЗ мора итно да делуваат на планот на намалување на емисиите, обновливите извори на енергија и енергетската ефикасност“ вели директорот на Секретаријатот на ЕЗ, Јанез Копач.

Сепак Секретаријатот на ЕЗ нотира и напредок во областа на транспонирањето на европската регулатива во националните законодавства во областа на енергетиката, и тој изнесува од 43 на 48% за извештајниот период. Лидер во спроведувањето на реформите и натаму е Црна Гора, а Македонија за прв пат е на второто место, пред Србија.

coalfired2

pm

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top